Прва
 
Инфо
 
Вести
 
Учесници
 
Распоред
 
Резултати
 
Правила
 
Апликации
 
Локација
 
Програма
 
Галерии
 
Партнери
 
Организатори
 
Прес
 
Контакт
 
BeachVolleyball '06
 
BeachVolleyball '07
 
BeachVolleyball '08
 
 
Остави ја својата адреса за да добиваш информации за Beach Volleyball
 
  Beachvolleyball Macedonia
Beachvolleyball Macedonia
Create Your Badge
 
 
Beach Volleyball е спорт во кој се натреваруваат, еден против друг, два тимови составени од по два играчи. Се игра на терен со песок поделен во средината со мрежа.

Целта на играта е да се префрли топката преку мрежата и да се погоди полето на противниците , и обратно, кога топката e кај противниците, да се одбрани т.е. да не падне во вашето поле.

Еден тим смее три пати да ја удри топката и тоа наизменично, ( еден играч не смее два пати по ред да ја удри) за да се префрли топката на противничката половина, вклучувајчи го и блок ударот.

Топката се уфрлува во игра со сервис. Играчот што сервира треба да ја префрли топката преку мрежата на противничката половина. По успешен сервис се игра додека топката не заврши во полето на противниците, отиде во аут или некој од тимовите не ја врати прописно. Зоната за сервис се наоѓа позади крајната аут линија од теренот за играње, што значи дека сервисот се извршува надвор од обележаниот терен за играње.

Во Одбојка на Плажа, тимот што ќе освои еден сервис освојува поен.

Кога тимот што ја прима топката од сервис (тимот што не сервира) го освојува тој сервис, добива поен и право на сервис. Играчите од еден ист тим треба наизменично да сервираат кога е нивни ред за сервис.

Победник во еден натпревар во Одбојка на Плажа е оној тим кој ќе освои 2 сета.

Во случај на нерешен резултат од 1-1 во сетови, одлучувачкиот сет (третиот) се игра до 15 освоени поени со минимално водство од 2 поени разлика.

Еден сет (освен одлучувачкиот трет сет) освојува тимот кој прв ќе постигне 21 поени со минимално водство од 2 поени разлика. Во случај на нерешен резултат од 20-20, играта продолжува додека некои од тимовите не стигне до 2 поени разлика (пр. 22-20, 23-21 итн.).

Одлучувачкиот (трет) сет се игра според правилото објаснето неколку редови погоре

Кога еден тим ќе згреши при сервирањето или неуспешно ја врати топката на противничката половина, или направи било каква друга грешка (аут, забивање во свое поле итн.), противничкиот тим освојува поен, во два различни случаи:

        1. Ако противничкиот тим сервирал и освојува поен, продолжува да              сервира.
        2. Ако противничкиот тим бранел сервирање (другиот тим сервирал),              добива право да сервира и освојува поен.

Пред загревањето за еден натпревар, главниот судија фрла паричка во присуство на двата капитени од тимовите што треба да настапат. Победникот може да одбере:

        а) Право на сервис или бранење сервис, или
        б) Страна од теренот на која ќе го играат првиот сет

Губитникот од фрлањето паричка одбира од опцијата што ќе остане.

Во вториот сет, губитникот од фрлањето на паричка прв ќе бира од двете опции a) или b).

Доколку треба да се игра одлучувачки (трет) сет, одново ќе се фрла паричка за него.

НЕМА измени/замени на играчи.

Во моментот кога играч сервира, секој од тимовите мора да биде во своето поле на теренот (освен тој што сервира).

Секој сервис почнува со знак (свиреж) на судијата. Како и да е, топката е во игра со самиот удар при сервирање.

Играњето престанува со знак (свиреж) од судијата.
горе
 


















 
Copyright © 2006-2009 Beach Volleyball Macedonia